Селвер Ајдини, со партиска книшка на ДУИ, служеше една деценија во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги ДУИ и некои од нејзините сателити, сега кога се во опозиција, се обидуваат да наметнат лажен политички морал, реагираат од коалицијата „Вреди“.
Но, и ова, како што велат, не им поминува бидејќи граѓаните многу добро и јасно знаат како го злоупотребиле секој институционален механизам само за своја корист.
Според „Вреди“, тоа што ДУИ зборува за постапување спротивно на законите е апсурдно само по себе.
„ДУИ е синоним за постојано кршење на законот, и недвосмислено е дека за тоа треба и ќе има одговорност. Пред да зборува за закони, ДУИ треба да се погледне во огледало, бидејќи е првата што се очекува да се соочи со правдата за постојаното кршење на законите, за нерегуларностите насекаде каде што стапнале оставиле траги на злоупотреба и манипулации. Јавноста многу добро знае дека Унијата за Девалвирање на Институциите (ДУИ) е типичен модел на погрешен начин на водење на институциите. Затоа, ВЛЕН се залага секоја институција да биде на услуга на граѓаните и да нуди услуги со највисок квалитет. Од ДУИ испуштиле крик за предложените советници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, отишле до таму да ги квалификуваат како дејство што е во спротивност на законот“, истакнуваат од „Вреди“.
Ја потсетуваат јавноста дека потпретседателот на овој Совет Селвер Ајдини е почесен член на ДУИ. Ајдини, според нив, е активист и ревносен член кој не пропушта ниту една седница или собир на огранокот на ДУИ во градот Куманово. За ова, како што појаснуваат, ДУИ го награди со именување во Советот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„И оваа награда што ДУИ му ја даде на сопартиецот тогаш не размислуваше за закони, туку имаше цел да смести партиски членови кои потоа ги претвора во „мамца“ за гласови во време на избори. Основниот принцип на работа на „Вреди“ е меритократијата“, нагласуваат од партијата.