Спасовски: Криминалните пресметки се показател за пристапот и неспособноста на актуелниот министер

Макфакс

15/11/2024

13:13

164

Големина на фонт

а а а

Вистинско прашање сега се поставува, зошто за само неколку месеци ни се случуваат 25 вооружени инциденти во коишто имаме ранети, убиени граѓани. Зошто овие настани се случуваат и зошто токму овие криминални банди добиваат на значање на сила токму во овој период. Нема оправдување. Ако 1 година го предводи некој МВР да кажува дека заради тоа што се случувало во минатото сега не може да преземам ништо повеќе. Се бара знаење, посветеност и пристап којшто ќе овозможи заштита на граѓаните, вели Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и ексминистер на МВР.

„На крајот ниту еден граѓанин не му важно со што се соочува некој министер или Министерство за внатрешни, граѓаните сакаат мир и безбедност затоа што е недозволиво да излезат и да се плашат дали некој во одреден момент, некоја криминална група ќе пука, ќе подмете бомба или не дај Боже да се случат посериозни настани. Истот ден се случи пукање и во куќа во Шуто Оризари, каде што имаше вооружена престрелка но не се објави во јавноста. Така да треба да се преземаат мерки а тие мерки може да дадат резултати не ако се удира по професионалците во МВР туку ако им дадете потстрек за да се борат со криминалот и со справувањето со ваквите криминални структури“, посочува Спасовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг