[ВИДЕО] Во Шпанија синоќа се спасуваа луѓе, по улиците излеваа порои

Макфакс

14/11/2024

10:02

1.498

Големина на фонт

а а а

Нема повеќе црвени предупредувања во ниту еден регион на Шпанија, на сила е само портокалово во западниот дел на Андалузија и на брегот на Валенсија, каде се очекуваат дополнителни намалувања на предупредувањата. Сепак, во текот на ноќта службите за итна помош беа во акција бидејќи пороите се слеваа низ улиците.

Во Валенсија се уште се работи на санирање на штетите по поплавите на крајот на октомври, во кои загинаа над 200 луѓе. Иако се очекуваше обилните дождови да донесат големи проблеми и во изминатите денови, сепак најпогодените подрачја забележаа нешто послабо невреме и помала количина на дожд.

Во текот на ноќта се спасени четворица

Во текот на ноќта пожарникарите спасиле четири лица во провинцијата Валенсија поради обилните дождови, според информациите објавени на социјалните мрежи. Во другите провинции немаше поголеми инциденти поврзани со временските услови, иако некои патишта беа затворени.

Брзите возови меѓу Мадрид и Валенсија, кои беа прекинати од 29 октомври поради оштетување на железничката инфраструктура предизвикана од временските услови, нема да продолжат во четврток наутро како што беше планирано. Возовите ќе почнат да сообраќаат најрано напладне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг