Град Скопје: Покрај блокадите во Советот, реализираме капитални проекти кои на подобро ќе го променат животот во главниот град

Макфакс

14/11/2024

19:33

254

Големина на фонт

а а а

И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје, инвестираме и реализираме голем број капитални проекти кои суштински на подобро ќе го променат движењето и животот во главниот град, велат од Град Скопје.

„Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија прва фаза на реализација се завршува вклучително со изградбата и на подземната инфраструктура. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ги со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување“, се истакнува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг