Мечка сред бел ден се шета во селото Петралица, општина Ранковце

Макфакс

14/11/2024

19:40

1.141

Големина на фонт

а а а

Мечка сред бел ден се шета во селото Петралица општина Ранковце. Информација на социјалните мрежи ја споделија од ловното здружение „Славишко поле“.

Во написот потсетуваат дека мечката е заштитен вид и нејзиното застрелување е казниво со закон.

„Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е строго заштитен вид на дивеч, трајно забранет за застрел. Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта. Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра“, објавија на својата Фејсбук страница од Ловното здружение „Славишко поле“.

Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со...

Posted by Зл Славишко Поле on Thursday 14 November 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг