[ВИДЕО] Билдерот Зафиров: „Ме нападна жена, пријавив во полиција“

Точка

13/11/2024

12:46

4.084

Големина на фонт

а а а

Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која ги остави вчудовидени и гостите и водителката на „Нешто Конкретно“, Снеже Велков.

- Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа се шегувам со нив или е скриена камера.

Ваков одговор на прашањето: Дали се плашите од нападни жени даде Зафиров образложувајќи дека таа жена постојано го пратела го вознемирувала и вербално го малтретира. На крајот добила забрана за да му се приближува.

Темата на емисијата беше „Од што се плашат мажите?“, а покрај Зафиров гости беа и политичкиот новинар Драган Милосављевиќ, бизнисменот Ненад Пантовиќ -Сињори и стенд ап комичарот Бојан Велевски.

Момците заклучија дека не се плашат ама дефинитивно љубоморна жена не можат да поднесат, паѓаат на женски солзи ама ги иритира „цмиздрење и лигавење“.

Не се плашат да не им избегаат сопругите ама дури и кога само сонувале дека ги напуштиле им доаѓало тешко и на самата помисла.

Дека потешко поднесуваат температура мажите тоа и научно е потврдено, а гостите потврдија дека може и не им е толку тешко ама многу им е убаво тогаш целиот свет да се врти околу нив.

Дефинитивно најголем страв е да не се заљубат во спонзоруши т.е. материјалисти жени.

Какви одговори дадоа на прашањето: Дали се плашат од силни жени, од неуспех и неизвесност и како се остава жена без зборови погледнете на линкот.

„Нешто конкретно“ се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот