Најголем извор на зарази: Предметите кои можеби во моментов ги користите имаат 400 пати повеќе бактерии од тоалетната школка

Точка

13/11/2024

14:19

6.625

Големина на фонт

а а а

Повеќето од бактериите што ги откриле истражувачите потекнуваат од луѓето, обично од нашата кожа, уста, нос и раце.

Секој се труди кујната и бањата да бидат чисти и без бактерии. Но, повеќето луѓе поминуваат неколку часа дневно пишувајќи на тастатурата на компјутерот и ретко размислуваат за фактот дека некогаш треба да се исчисти.

Работните површини се жаришта на инфекции


Како дел од истражувањето спроведено на „Универзитетот Свинбурн“ во Австралија, се проучувало количеството и видот на бактерии на заедничките и личните тастатури, работни маси на вработените и другите површини на универзитетот. Откриено е дека тастатурите може да имаат високо ниво на бактерии, а заедничките имаат повеќе бактерии отколку оние што ги користи само едно лице.

Слична студија на „Универзитетот во Аризона“ покажа дека просечното биро има 400 пати повеќе бактерии од просечната тоалетна школка. За потребите на истражувањето, земени се примероци од канцеларии низ Соединетите Американски Држави, а интересен е и фактот дека женските бироа обично имаат повеќе бактерии отколку машките.

Не јадете на компјутер

Повеќето од бактериите што ги откриле истражувачите потекнуваат од луѓе, обично од кожата, устата, носот и рацете. Иако повеќето од овие бактерии не можат да ви наштетат, освен ако вашиот имунолошки систем е компромитиран поради други болести, тие можат да предизвикаат инфекција ако имате исеченица на прстите, дури и мала, што е тешко да се забележи. Затоа, добро е да бидете внимателни, особено ако го делите компјутерот со други луѓе. На пример, ако лицето кое ја користело тастатурата пред вас има грип, постои можност и вие да се заразите со користење на тастатурата после него.


Добра мерка на претпазливост е да ги миете рацете пред и по користење на заеднички компјутер, телефон или друга опрема и да ги охрабрувате другите да го прават истото. Не е добра идеја да јадете на вашиот компјутер, особено ако го споделувате со други. Кога јадете и пишувате, веројатно пренесувате бактерии на тастатурата, не само од рацете туку и од устата.

Како да ја исчистите тастатурата


Се препорачува тастатурата и работното биро да се чисти редовно. Исклучете го кабелот. Свртете ја тастатурата наопаку за да ја извадите нечистотијата. После тоа, исчистете со стапчето за уво навлажнето со алкохол помеѓу секоја вдлабнатина. На крајот, навлажнете крпа без влакненца со средството за чистење, повторно, проверете ја дали е влажна, бидејќи не смее да биде воденацб. Избришете ја тастатурата.