[ФОТО/ВИДЕО] Село во кое сите живеат во иста улица долга 9 километри: Сите се изненадени кога ќе дознаат каков е нивниот начин на живот

Точка

11/11/2024

18:03

17.248

Големина на фонт

а а а

Селото Сулошова, кое се наоѓа на југот на Полска, стана вистински хит на социјалните мрежи благодарение на уникатната глетка што ја нуди. Тоа е речиси 9 километри долгата главна улица, која создава фасцинантен визуелен ефект од птичја перспектива.

Овој живописен пејзаж брзо го привлече вниманието на љубителите на фотографијата и патувањата од целиот свет, кои споделија неверојатни кадри од оваа идилична населба.

Кога од воздух ќе го погледнете селото Сулошова, ќе видите стотици куќи наредени од двете страни на улицата која се протега на околу девет километри. Секој сопственик има и тесно, но долго парче земјоделско земјиште до куќата, што на сцената и дава дополнителна доза на бајка.



Бојата на почвата варира од светложолта до темнозелена и кафена – во зависност од тоа која земјоделска култура е засадена на неа. Компирите и јагодите се многу популарни меѓу жителите, па дури се организираат и посебни денови посветени на овие намирници.

Кога ќе се „симнете на земја“, ќе ве пречека едноставна полска општина со околу 6.000 жители. Повеќето главно се занимаваат со земјоделство, а животот е многу мирен.

Во Сулошова има неколку продавници кои продаваат локално овошје и зеленчук. Има пекара, банка, Здравствен дом, Градско собрание, автобуски станици и само еден ресторан кој се затвора попладне, по што младите кои сакаат да се забавуваат најчесто одат во соседните места.


Омилена активност е озборувањето. Сите се познаваат на ова место и со задоволство споделуваат информации за своите соседи.

Туристите кои доаѓаат сакаат да го истражат самото место и околината, а се советуваат дека мора да го посетат замокот „Пиескова Скала“ кој го изградил полскиот крал Казимир III.