Читачка од усни открила што зборувала Кејт со војвотката Софи и ова било пресудно: Принцезата имала голем проблем, па Софи ѝ притрчала во помош

Точка

11/11/2024

15:08

2.699

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон вчера добила огромна поддршка во текот на церемонијата по повод Денот на сеќавањето во Велика Британија. Таа поддршка ѝ ја пружила војвотката од Единбург, а откако читачката од усни, Жаклин Прес, открила за што зборувале двете истакнати членки на британското кралско семејство, се дознало дека поддршката била уште поголема отколку што изгледала.

Кејт стоела до Софи, војвотката од Единбург, на балконот, додека кралот Чарлс го предводел положувањето венци заедно со принцот од Велс и премиерот.


Според читачката од усни, се чини дека Кејт барала од Софи морална поддршка и смирувачки зборови за време на службата по повод Денот на сеќавањето.

Фокусирајќи се на моментот кога камерата се насочи кон Кејт и Софи кои стоеја заедно на балконот, Прес забележала дека Кејт бара зборови за охрабрување од стрината на принцот Вилијам. Софи ја забележала нервозата на Кејт и се обидела да ја охрабри.


Што рекла Кејт?

Гестикулирајќи, Кејт Мидлтон рекла: „знаеш… тоа е…“. Прес сугерирала дека Кејт потоа ѝ се отворила на Софи, велејќи: „Да… затоа што е многу посебно“. Давајќи до знаење дека се чувствува нервозна, принцезата потоа додала: „Никогаш не си сосема подготвен за ова…“.

Изгледа дека Софи се согласува со индикацијата на Кејт дека се чувствува преоптоварено и одговорила: „Да, апсолутно“. Војвотката продолжила да ја смирува Кејт, наводно велејќи „подобро сега“.

Софи цело време била покрај Кејт Мидлтон на балконот, а забележен бил многу емотивен момент додека ја напуштале церемонијата и Софи нежно ја прегрнала принцезата од Велс во знак на заштита и поддршка.


Експертката за говор на телото го опишала овој потег како одраз на „љубов и поддршка која може да се идентификува со љубовта и поддршката на мајката“, пишува „Daily Mail“.
Софи на тој начин одиграла двојна улога, едната со самото присуство, а другата поддржувајќи ја Кејт. Војвотката е личност која секогаш носи чувство на смиреност и поддршка на јавните настани, полна со емоции.


Нејзиниот потег е сличен на оној кој Вилијам го направил пред некој ден, а може да се окарактеризира како честитка за Кејт за враќањето на должноста. 

Софи „им порача на Вилијам и на децата, Шарлот, Џорџ и Луис, дека дури и кога принцот од Велс не е покрај неговата сопруга, кралското семејство се грижи за принцезата и тоа суптилно“.

Знаковен гест

Помагајќи ѝ на принцезата од Велс на различни начини, Софи уште еднаш покажала зошто е еден од најдоверливите членови на актуелното кралско семејство.


Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, рече дека Софи, која е во брак со принцот Едвард, направила „знаковен гест“ – ставајќи ја раката на грбот на Кејт во знак за поддршка, пренел „Daily Mail“.

Стајлинот на Кејт Мидлтон потсетил на нејзиното издание од погребот на принцот Филип во 2021 година во Виндзор. Вчера принцезата покажала стоички став, многу емоции, за момент се насмевнала со Софи со која се многу блиски и имаат иста смисла за хумор, а потоа искажала тага, по што следело нејзиното стоичко однесување, бидејќи конечно успеала да ја надмине нервозата.


Кејт Мидлтон вчера се појавила на балконот на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој во центарот на Лондон на церемонија во чест на загинатите војници за време на Првата светска војна. Таа ден претходно била на Фестивалот на сеќавањето во Ројал Алберт Хол во Лондон, па за два дена извршила две важни обврски, а тоа е нејзиното големо враќање на јавните настани по дијагнозата на рак и завршувањето на процесот на хемотерапија. Пред седум и пол месеци беше објавено дека принцезата боледува од рак, а пред два месеци беше кажано дека циклусот на хемотерапија е завршен.