Стогодишници или измама?

Точка

08/11/2024

20:04

5.488

Големина на фонт

а а а

Проектот „Сина зона“, започнат од магазинот „National Geographic“ во 2004 година, се занимаваше со проучување на локалитети каде што живеат стогодишници.

Проектот го водеше научникот Ден Бутнер, а беа издвоени четири региони во светот каде што живеат најголем број стогодишници. Барбаџија на островот Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, градот Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика се означени како региони со долготрајно и витално население по седум години истражување.

Сол Њуман, научник од Оксфордскиот институт за стареење на населението, покажа дека „сините зони“ не постојат. За својата работа ја доби "Иг Нобеловата награда" во 2024 година.


Излегува дека многу стогодишници во Америка немаат изводи од матичната книга на родените. Јапонците откриле дека 82 отсто од стогодишниците воопшто не се живи, а тој процент во Грција е 72 отсто. Покрај тоа, стогодишници може да бидат исчезнати или лица кои се жртви на пензиски измами, пренесува сајтот „gazeta.ru“.

Пред десет години Сол Њуман покажа дека вистинските „сини зони“ се во руралните средини каде стапките на писменост се ниски, а податоците на луѓето слабо се чуваат.


Иг Нобеловата награда е сатирична награда која се доделува од 1991 година за десет тривијални или необични достигнувања во науката.

Со оваа научна работа, истражувачот Њуман само потсети на фактот дека во четирите региони на „сината зона“ каде што живеат најголем број стогодишници, очекуваниот животен век треба да биде подолг.