[ВИДЕО] Емотивна средба на Игор Џамбазов и жената која го чувала во детството, по цели 56 години: „Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров“

Точка

08/11/2024

10:20

12.928

Големина на фонт

а а а

Македонскиот актер Игор Џамбазов е еден од оние јавни личности кои немаат влакна на јазикот, ниту пак претерано се обидуваат да ја скријат интимата. Напротив, тој неретко умее да ја соголи душата и да сподели нешто од неговиот живот и секојдневие со своите следбеници на социјалните мрежи. Честопати неговите објави знаат да нè насмеат, но понекогаш и да разбудат носталгични емоции во нас.

Таква е и неговата последна објава на Инстаграм.

Имено, тој и неговиот пријател и соработник, блузерот Гуру Харе (Игор Атанасовски), прославуваат 30 години музичко пријателство. На повик од Скопското друштво во Канада, тие одржаа незаборавен концерт кој ги разгали душите на сите оние кои копнеат по својот дом. Дополнителна поддршка му беше и сестрата Тања, која со години живее во САД.

Во текот на концертот, ова познато дуо ги изведе нивните најголеми хитови и песни кои ги одбележаа трите децении соработка.


Преку неговите објави, имавме можност да доживееме и самите дел од таа енергија.

Меѓутоа, она што веројатно имало најголемо емотивно влијание врз македонскиот актер и музичар, неприкосновено е средбата со една негова битна личност од детството. Тој имаше неочекувана средба во Канада, после цели 54 години со ни помалку ни повеќе – жената која се грижела за него и неговата сестра кога биле мали. Даринка, или како што вели самиот жената која била секогаш покрај нив додека родителите ги граделе кариерите и која се обидувала од нив да направи добри луѓе.


На видеото се гледа дека тој ја поканил на сцена и се прегрнуваат од срце по 56 години од последното гледање.

Ова емотивна објава ви ја пренесуваме во целост.

Дознав дека во публиката се наоѓа тетка Даринка, жената која нè чуваше мене и сестра ми Тања кога бевме мали. Живееше кај нас, се грижеше за нас и во недостаток на родителите, кои тогаш беа на врвот на своите кариери и многу често отсуствуваа од дома, бидејќи патуваа на турнеи и снимања, таа се обидуваше да ги замени. Тетка Даринка се обидуваше да нè научи да бидеме добри луѓе и се надевам дека успеа во тоа.


А, кога конечно ја пронајде љубовта на својот живот, чичко Ѓоко, тој ја побара нејзината рака од мајка ми и татко ми, а тие им дадоа благослов. После тоа заминаа за Канада. Таму станаа успешни луѓе, познати во македонската заедница.

На концертот, ја повикав на сцената.

Се изгушкавме за сите 56 години во кои не се видовме.


56 години. Животе, понекогаш навистина знаеш да бидеш суров…“, напиша тој во описот на видеото.