[ВИДЕО] Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка учеше како да витка сарми во Белград

Точка

07/11/2024

19:19

667

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка не се задржа долго во Белград, бидејќи беше поразен од Ласло Џере на тамошниот турнир, но сепак пронајде време да научи како да прави сарма, како и да ја вкуси српската кујна која многу му се допаднала.


Иако не успеа да го совлада расположениот Џере на Белград опен, Стан Вавриника отпатува од Белград како „побогат човек“ бидејќи успеа да совлада уште една вештина – готвење на сарми.

Вавриника во еден престижен белградски хотел беше угостен од познатиот готвач Јовица Нешковиќ кој му го објасни процесот на правење на јадењето без кое не може да се замисли ниту една слава во Србија, па и пошироко.

„Да, да, правев сарма. Традиционално српско јадење. Ми се допадна. Сакам да готвам, уживам во храната, па бев воодушевен што добив можност да готвам“, изјави Вавринка, а снимката како витка сарми, беше објавена на Инстаграм страницата на „Serbia Open“.

Вавриника никогаш не криеше дека е гурман, а честопати беше „фатен“ како јаде брза храна по завршувањето на важните турнири.

Фактот дека многу сака да готви, Вавринка го покажа и порано, и тоа во Монте Карло кога швајцарскиот тенисер со чешко потекло ја облече престилката, ги засука ракавите и зготви рижото со грашок.