Халанд е отворен за преселба во великан: Секој би сакал да игра за…

Дерби

06/07/2026

14:51

404

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд за важи за една од најдобрите „деветки“ во светот на фудбалот, фудбалер кој знае да ги матира ривалите, а последен состав кој го почувствува тоа беше селекцијата на Бразил.

Норвежанецот беше добро чуван во најголемиот дел од средбата, меѓутоа на играчи од тоа ниво мора да се внимава низ сите 90+минути затоа што може да се појави и да се уништи, па така беше токму против „кариоките“, даде голови во 79 и 90 со што донесе огремна радост за својата држава и нов потоп на Бразилците.

Ерлинг и во новата сезона дефинитивно ќе биде дел од Манчестер Сити, но неговиот татко Алф-Инге ги подотвори вратите за трансфер во блиска иднина и тоа во Реал Мадрид.

- Трансфер во Реал Мадрид? Тој е многу среќен во Манчестер Сити и има долг договор.

- Ја чекаме новата сезона, но секој би сакал да игра за Мадрид. Никогаш не знаете што може да се случи во фудбалот, порача татково на голгетерот на „граѓаните“.