Педри за финалето на СП кое го посакува: Тој сон би бил…

Дерби

07/07/2026

08:03

215

Големина на фонт

а а а

Педри е дел од шпанската селекција која минува чекор по чекор и веќе е во четвртфиналето на Светското првенство.

Шпанците можеби не блескаат како што многумина очекуваа, меѓутоа играат сигурно, знаат што сакаат и засега се функционира како што треба.

Во меѓувреме има и други селекции кои одат по тој пат и сакаат да дојдат до топ 8, а меѓу нив е и Аргентина која е предводена од Лионел Меси. Ветеранот и со 39 години прави разлика, ги носи „гаучосите“ на свој грб, а Педри кој добро го познава уште еднаш му се поклони.

-Уживам во него. Веќе уживав во него кога тренирав со него секој ден. Она што го прави е лудо. Работите што ги прави на негови години можат да се направат само со квалитетот што го има. За мене, тој е најдобриот играч во историјата, -истакна Педри кој посакува финале Шпанија-Аргентина.

-Тој сон би бил врвен бидејќи би значело дека сме во финалето на Светското првенство. Тоа би бил добар знак, -вели фудбалерот на Барселона.