Анчелоти објасни зошто Винисиус Жуниор не доби шанса да го шутира пеналот против Норвешка

Дерби

06/07/2026

12:26

362

Големина на фонт

а а а

Бразил заврши уште еден настап на Светските првенства, овојпат во осминафиналната рунда во која ги доби селекцијата на Норвешка.

Бразилците бараат светска титула од 2002 година и многумина веруваа дека со ангажманот на Карло Анчелоти брзо ќе се наместат коцките и дека веќе на мундијалот кој е во тек ќе успеа да стигнат до крајот и додадат уште една ѕвезда.

Сепак Норвежаните имаа друг план, дадоа два гола преку Ерлинг Халанд во самата завршница и на тој начин го скришија противникот, но прашање е што ќе се случеше ако Бруно Гимараеш го погодеше пеналот во првото полувреме.

Фудбалерит на Њукасл не ја реализираше најстрогата казни, а кога е така секогаш има прашања и овојпат во фокусот беше зошто Винисиус Жуниор не ја презема одговорноста.

Анчелоти даде јасен одговор според кој играчот на Реал не бил ниту во топ 5 изведувачи на пенали врз оснава на направената анализа во претходната година.

Рафиња, Нејмар Игор Тиаго, Бруно и Мартинели биле на врвот на листата.