„Кога да тргнам од Охрид за Скопје, за да не ме фати гужва на семафорот во Гостивар?“

Денар

29/07/2025

19:31

3.633

Големина на фонт

а а а

Пред извесно време нашата редакција пишуваше на тема Македонија нема капацитет да се справи со семафорот во Гостивар?

Во екот на летната сезона, едно од главните прашања кое си го поставуваат луѓето кои патуваат од Охрид кон Скопје е „Кога да тргнам од Охрид за Скопје, за да не ме фати гужва на семафорот во Гостивар?“


Ова нерешливо прашање за институциите, сеуште прави фрустрации кај возачите, им го троши непотребно времето, а секако во километарските колони од возила се јавува и огромна нервоза кај оние кои патуваат.

Понекогаш се случува за време на викенди да има колона на возила и до клучката кај Маврово.

Патувањето од Охрид до Скопје, оптимално треба да трае од 2.5 до 3 часа, но со неизбежниот семафор во Гостивар може да се пролонгира и до 5 часа патување.


Крајно време е институциите да преземат нешто по ова децениски нерешливо прашање, бидејќи кај луѓето веќе се чуствува нервоза и одбивност за посета на нашиот најтуристички град Охрид, токму поради оваа причина.

Извор: Денар.мк