[ВИДЕО] Ова се десетте најгледани видеа во историјата на Јутјуб

Точка

04/11/2024

14:02

5.567

Големина на фонт

а а а

Уште во далечната 2005 година, кога „YouTube“ се наоѓаше на своите почетоци и кога корисниците само што почнуваа да го откриваат неговиот потенцијал, едно видео достигна милион прегледи. Тоа беше легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо, прикажан како облекува златни копачки, изведува фудбалски трикови со топката и погодува во пречката.

Седум години подоцна, во декември 2012 година, едно видео надмина милијарда прегледи на Јутјуб. Овој успех го постигна јужнокорејскиот рапер „Psy“ со хитот „Gangnam Style“. Во продолжение погледнете ја листата на десетте најгледани видеозаписи на Јутјуб.

„Baby Shark Dance – Pinkfong Kids‘ Songs & Stories“

Baby Shark Dance, јужнокорејска песна, стана најгледаното видео на Јутјуб со над 15 милијарди прегледи.

Песната која првично беше наменета за деца прерасна во вистински културен феномен. Со својот заразен ритам ја освои публиката од сите возрасти и стана незаменлив елемент на бројни спортски настани. Покрај тоа, песната се користи и во кампања за безбедност на децата во вода.

„Despacito – Luis Fonsi ft. Daddy Yankee“

Оваа песна од самиот почеток стана хит поради својот „заразен“ ритам.

Официјално објавена во јануари 2017 година, таа беше првата песна која со рекордна брзина надмина три милијарди прегледи. Денес има неверојатни 8,57 милијарди прегледи.

„Johny Johny Yes Papa – LooLoo Kids“

Помеѓу најгледаните видеа на Јутјуб се наоѓаат и неколку детски песни.

Оваа песна е исто така многу популарна меѓу децата и нивните родители, а моментално има 6,97 милијарди прегледи.

„Bath Song – Cocomelon – Nursery Rhymes“

Оваа песна им е омилена на родителите и na децата особено за време на капењето.

Инаку, каналот „Cocomelon“ со години објавува популарни и слатки песни за деца, а оваа песна моментално има 6,89 милијарди прегледи.

„Wheels on the Bus – Cocomelon“

Уште една популарна песна на „Cocomelon“.

Оваа песна е омилена бидејќи им помага на децата да учат зборови и фрази преку веселата мелодија, а во моментов има 6,7 милијарди прегледи.

„See You Again – Wiz Khalifa ft. Charlie Puth“

Оваа песна, која е дел од „soundtrack“ на филмот „Fast and Furious 7“, е посветена на починатиот актер Пол Вокер.

Објавена во 2015 година, за кратко време собра стотици милиони прегледи, а денес има 6,45 милијарди прегледи.

„Shape of You – Ed Sheeran“

Седмото најгледано видео на Јутјуб му припаѓа на британскиот музичар Ед Ширан.

Тој оваа песна првично ја напиша за Ријана, но на крајот реши да ја задржи за себе, а во моментов песната има 6,35 милијарди прегледи.

„Phonics Song with Two Words – ChuChu TV“

„ChuChu“ е еден од најпопуларните детски канали во Индија, кој, како и „Cocomelon“, им помага на децата да учат преку песни. Оваа песна моментално има 6,07 милијарди прегледи.

„Uptown Funk – Mark Ronson ft. Bruno Mars“

Оваа песна, објавена во ноември 2014 година, беше инспирирана од музичкиот стил на 80-тите.

До денес останува најголемиот и најслушаниот хит на овие двајца изведувачи, а има освоено и бројни награди. Во моментов има 5,37 милијарди прегледи.

„Gangnam Style – PSY“

Објавена во 2012 година, песната „Gangnam Style“ на јужнокорејскиот рапер „PSY“ стана глобален хит и стана првото видео на Јутјуб кое надмина милијарда прегледи.

Додека денес има 5,33 милијарди прегледи.