Мурињо објави видео за фудбалската лакрдија во Турција: Гледајте и смејте се!

Дерби

04/11/2024

11:52

670

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо полека прераснува во вистински миленик меѓу навивачите на Фенербахче, а причина за тоа е и вчерашното излагање кое го имаше по драматичната победа остварена на гостувањето кај Трабзон.

По голот на Амрабат за 2:3 во 102-та минута, Мурињо се лизгаше на колена и лудо ја славеше победата, но потоа објасни и зошто бил толку еуфоричен.

Мурињо го впери прстот кон судиите и обвини дека Фенербахче игра против цел систем во Турција, па за да ја поддржи својата теза, сега го објави видеото од најспорната акција на натпреварот.

Судиите решија да не досудат пенал за очигледно играње со рака во шеснаесетникот на Трабзонспор, а Мурињо реши да го проследи видеото преку социјални мрежи на кои има милиони следбеници.

– Гледајте и смејте се. Ако сакате, погледнете го цел меч, бидејќи смешните ситуации не завршуваат со овој клип, – порача Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг