Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане

Макфакс

04/11/2024

15:20

1.255

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат Руд ван Нистелрој да остане во стручниот штаб кога новиот тренер Рубен Аморим ќе го преземе тимот.

Тие сакаат Ван Нистелрој да им биде „конектор“, бидејќи го ценат начинот на кој тој комуницира и се однесува кон нив.

„Скај Спортс“, објави дека има широка поддршка за 48-годишниот Холанѓанец да остане со играчите во одредено својство по истекот на неговиот период како привремен менаџер.

Тој на клупата го замени Ерик тен Хаг, кој доби отказ на почетокот од минатата недела поради слабите резултати, а тимот ќе го води до 11 ноември, додека не го преземе Рубен Аморим, кој ќе остане на клупата на Спортинг Лисабон до репрезентативната пауза.

Под водство на Холанѓанецот, Јунајтед прво го совлада Лестер со 5:2 во Купот, а потоа ремизираше со Челзи 1:1 во Премиер лигата. Тој ги импресионираше навивачите со страста што ја покажа по головите на својот тим, па јавноста верува во тоа дека и навивачите би биле незадоволни од евентуалното заминување на Ван Нистелрој.

Ван Нистелрој е ценет и од клупските челници за начинот на кој се однесуваат, заедно со оние кои помагаат во работата на првиот тим.

Иако засега не е познато кој ќе му помага на Аморим, јасно е дека Португалецот сака да го донесе челиот стручен штаб од Спортинг, меѓу кои се и неговите долгогодишни соработници Карлос Фернандез и Аделио Кандидо, како и искусниот Емануел Феро.

Ван Нистелрој има договор како помошник тренер и прашање е дали ќе има место доколку во клубот се преселат сите колеги на Аморим од Спортинг.

Освен Ван Нистелрој, постои желба да остане и Дарен Флечер, кој моментално е тренер во стручниот штаб.

Тој е врската помеѓу академијата на Јунајтед и првиот тим, откако самиот чекореше по тој пат и одигра повеќе од 300 натпревари и освои 13 трофеи со клубот за 20 години.

Извор на „Скај Спорт“ изјалвил: „Работата што ја прави Флечер можеби не е во центарот на вниманието, но е важна“.

Јунајтед моментално е 13-ти на табелата и има три победи од првите 10 натпревари, што е најлошиот старт на клубот во Премиер лигата и севкупно од сезоната 1985/86 кога го презеде Алекс Фергусон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг