[ФОТО/ВИДЕО] „Забива кошеви стоејќи“: Америка подготвена за кошаркарското деби на највисокиот тинејџер на светот

Точка

04/11/2024

22:30

10.202

Големина на фонт

а а а

Историјата ќе биде испишана во ноќта понеделник кон вторник во САД. Кошаркарот Оливие Риу (18) ќе дебитира за универзитетскиот тим на Флорида Гејторс и веројатно неговото деби немаше да привлече големо внимание доколку тој не беше највисокиот тинејџер на светот.


Имено според Гинисовата книга на рекорди, Канаѓанецот е највисокиот тинејџер на светот со висина од 2,40 метри, а веќе во шесто одделение бил висок 2,10 метри, а на 16 годишна возраст стасал до 2,24 метри.

„Секој ден ме прашуваат за мојата висина. Не сум сигурен зошто сум толку висок. Бевме кај многу лекари. Најверојатно тоа е генетиката на моето семејство“, изјави Риу, кој ќе стане највисокиот кошаркар кој играл во колеџ лигата.

Неговата мајка е висока 1,83 метри, неговиот татко е висок 2,07 метри, а неговиот брат е висок 2,10 метри.

Поради неговата висина, Риу има проблеми со влегувања низ вратите, спиењето в кревет, а бројот на чевлите му е неверојатни 57,5, и носи само облека специјално сошиена за него.

Риу сака да стане успешен колеџ – кошаркар, а има настапувано за Канада, на Светското првенство за играчи до 19 години во 2023 година.

Риу може да забива кошеви стоејќи, а според неговиот тренер Тод Голден, тој е исклучително агилен со оглед на неговата висина.


Неговиот сон е да игра како НБА ѕвездата Виктор Вембањама, кој е висок 2,21 метар и изгледа речиси мал во споредба со Риу, кој се надева дека ќе стане барем солиден кошаркар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг