Југославија ќе беше светски шампион во 1994 дoколку не се распаднеше: Пикси, Дејо, Шукер, Роби, а за Миха немало место

Точка

04/11/2024

17:43

5.629

Големина на фонт

а а а

Интересна анализа на фудбалската репрезентација на Југославија, која во форма на „поранешна држава“ не постоела веќе во 1994 година поради војната. Странците сметаат дека доколку земјата не се распаднела, квалитетот бил таков што сигурно ќе беше светски шампиони на Мундијалот во САД.

За Балканот често се зборува дека тоа е место каде растат фантастични фудбалери, но дека „секогаш нешто недостасува“ за репрезентациите од овие простори да доминираат во светскиот фудбал. Видовме дека Хрватска успеа да стигне до финалето на Светското првенство во 2018 година, а потоа и до полуфиналето во 2022 година, но не беше зрела за титулата светски шампион. А, прашање е дали некогаш ќе биде...

Меѓутоа, ако не дојдеше до распад на „старата држава“, дали југословенската фудбалска репрезентација ќе можела да направи нешто повеќе? Во анкетата која ја спровел познатиот портал „Goal“ во 2010 година, било проценето дека, поточно, според нивното мислење, фудбалската репрезентација на Југославија од 1994 година би била светски првак во Соединетите Американски Држави, кога пехарот го подигнал Бразил. Но, дали тоа би се случило, никогаш нема да дознаеме.


Сепак, никој не забранува да ја пуштиме фантазијата, па на листата на десетте најдобри репрезентации кои не го освоија Светското првенство, можната репрезентација на Југославија од 1994 година е на шестото место. Еве како напишаа за неа...

„Поради војната што доведе до распад на земјата, Југославија не учествуваше ниту во квалификациите за Светското првенство. Во тоа време селекцџијата на Југославија ќе беше најсилна во светот, бидејќи вои нејзините редови ќе се најдеа Драган Стојковиќ, Звонимир Бобан, Дејан Савиќевиќ, Давор Шукер, Дарко Панчев, Синиша Михајловиќ, Владимир Југовиќ и Роберт Просинечки...“, се наведува во повеќе од интересниот текст на „Goal“ и потоа се заклучува следното: „Во финалето се сретнаа прилично просечните репрезентации на Бразил и Италија. Југославија би ги победила и двете репрезентации“.


Во еден блог кој се занимаваше со оваа тема, беа ставени тројца голмани - Дражен Ладиќ (Динамо Загреб), Томислав Ивковиќ (Виторија Сетубал) и Фахрудин Омеровиќ (Коџаелиспор), а претпоставката е дека првоспоменатиот ќе беше стартер. Имаше 2 настапа за Југославија, а по осамостојувањето на Хрватска уште 58 за „Ватрените“, со кои во 1998 година ја освои бронзата во Франција.

Што се однесува до одбраната, тука се Зоран Мирковиќ (Партизан), Бранко Брновиќ (Еспањол), Мирослав Ѓукиќ (Депортиво Ла Коруња), Славен Билиќ (Карлсруе), Игор Штимац (Кадис), Никола Јеркан (Овиедо), Синиша Михајловиќ (Рома) и Роберт Јарни (Торино).


Во средниот ред има фантастични имиња почнувајќи од Славиша Јокановиќ, тогашниот играч на Овиедо, преку Аљоша Асановиќ (Монпелје), Владимир Југовиќ (Сампдорија), Звонимир Бобан (Милан), Роберт Просинечки (Реал Мадрид), Драган Стојковиќ (Марсеј) и Дејан Савичевиќ (Милан). Најголемиот проблем што би го имал селекторот на „таа Југославија“ е како да ги собере сите во ист тим, би бил на слатки маки...

А, пак, што се однесува до нападот, ги издвоија Мехо Кодро (Реал Сосиедад), Давор Шукер (Севиља), Ален Бокшиќ (Лацио) и Предраг Мијатовиќ (Валенсија), што исто така предизвикува стравопочит.


На крајот се би ставиле во формација 4-2-3-1, каде Ладиќ би бил на голот, Брновиќ, Билиќ, Ѓукиќ и Јарни во одбраната (така без Синиша Михајловиќ), на позицијата осумка би биле Бобан и Југовиќ, пред нив Просинечки, Стојковиќ и Савичевиќ, а во нападот е Давор Шукер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг