Борел: Поддршката на Кина за Русија е директна закана за европската безбедност

Макфакс

01/11/2024

12:14

966

Големина на фонт

а а а

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жосеп Борел предупреди дека кинеската „материјална и дипломатска“ поддршка за Русија во време кога Москва води војна во Украина претставува „директна закана“ за европската безбедност.

Борел повика и на подобрување на соработката со Јапонија и истомислениците во справувањето со руската војна против Украина и другите безбедносни закани.

„Зголемениот кинески извоз на големи количества стоки и предмети за двојна употреба значително ја помага изградбата на руската воена индустриска база“, рече Борел во интервју за „Кјодо њуз“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг