Израелски извори: Иран се подготвува да не нападне во следните неколку дена од ирачка територија

Макфакс

01/11/2024

08:47

1.561

Големина на фонт

а а а

Израелското разузнавање сугерира дека Иран подготвува напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови, веројатно пред претседателските избори во САД на 5 ноември, пишува Аксиос, повикувајќи се на два анонимни израелски извори.

Нападот треба да се изврши од територијата на Ирак со голем број беспилотни летала и балистички ракети, се наведува во извештајот на Аксиос. Понатаму се вели дека извршувањето напади преку проирански милиции во Ирак може да биде обид на Техеран да избегне нов израелски напад врз стратешки цели во Иран.

Израел и Иран разменуваат напади како дел од пошироката блискоисточна војна поттикната од војната во Газа. Во саботата, израелски воени авиони нападнаа ракетни фабрики и други локации во близина на Техеран и во западен Иран како одмазда за нападот на Израел на 1 октомври со 200 проектили.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи во понеделникот изјави дека Техеран „ќе ги искористи сите достапни алатки“ за да одговори на израелските напади.



Спонзорирани линкови

Маркетинг