По смртта на еден од најпознатите индиски тајкуни Ратан Тата, кој почина на 9 октомври, беше прочитан неговиот тестамент. Ова го шокирало неговото семејство, бидејќи милионерот му оставил голем дел од своето богатство на кучето Тито, пишува „Дејли мејл“.
Во тестаментот индискиот индустријалец Ратан Тата му оставил голем дел од својот имот, проценет на нешто помалку од 110 милиони евра, на своето куче Тито со барање „саканото куче да добие неограничена грижа по неговата смрт“
Тата, кој е одговорен за трансформацијата на Групацијата Тата во светски познат конгломерат, почина на 9 октомври во болница во Мумбај на 86-годишна возраст.
Како што е вообичаено во Индија, бизнисмен кој никогаш не се оженил или немал деца, го остава својот имот на своите браќа и сестри. Но, индискиот бизнисмен во преден план не ги стави братот Џими Тата и полусестрите Ширин и Деана Џеџибхој, туку неговиот сакан германски овчар.
Тата во тестаментот напишал дека неговото куче, батлер и главен помошник Конар Суббија и неговиот готвач Раџан Шо треба да добијат поголем дел од имотот, а неговите браќа и сестри само дел. Иако ретко во Индија милениците и слугите добиваат толку дарежлива сума, богатството обично се чува во семејството.
Според Сухел Сет, близок пријател на Тата, сумата која починатиот им ја оставил на двајцата помошници кои сега се грижат за Тито е дарежлива. „Никогаш повеќе нема да мора да работат. Тие ќе бидат добро згрижени“, рече тој. Тој додаде дека инструкциите на Тата не се изненадување за оние што го познаваат.
„Овој тестамент е гест на благодарност за радоста и грижата што му ја пружаат неговиот миленик и неговите најблиски помагачи “, изјавил Сет.