[ВИДЕО] Новиот „Baumgartner“: Куфер фрлен од висина од 40 километри, а се приземји без ниту една гребнатинка

Точка

31/10/2024

19:49

3.972

Големина на фонт

а а а

Познатиот производител на опрема за патување „Самсонајт“ го крена едниот од своите производи буквално на нови височини.

Имено оваа компанија решила да го направи она што пред 12 години го направил Австриецот Феликс Баумгартнер.Тој постави светски рекорд со неговиот скок од „работ на вселената“, односно од височина од 39 километри.

Меѓутоа Самсонајт не крена човекот на таа висина, туку нивниот нов куфер „Проксис“ и тоа за километар повисоко односно на висина од 40.000 метри.

Потфатот беше спроведен во соработка со британската компанија за вселенски лансирања „Sent Into Space“.

„Проксис“ има надворешна обвивка „Roxkin“, позната по својата леснотија и издржливост. За мисијата беше одбрана рачна торба тешка нешто повеќе од два килограми. Лансирањето, со помош на голем стратосферски балон исполнет со водород, се случи недалеку од Лас Вегас, Невада, на безбедно место за лансирање во пустината Мохаве.


Уникатното летало, дизајнирано од инженерите на компанијата „Sent Into Space“, било опремено со компјутер, со сателитски и радио комуникациски системи, што му овозможило на тимот на теренот да ја следи позицијата на леталото во реално време и брзо да го пронајде по слетувањето.

Системот за контрола на падобран го овозможи кревањето и спуштањето на леталото со безбедна и контролирана брзина. Структурата носеше куфер, како и камери со снимање од 360 степени и резолуција 4K кои го документираа патувањето. Така Самсонајт објави автентични слики и видео од летот.

Куферот „Проксис“ слета целосно недопрен, и според тврдењата на Самсонајт, „без ниту една гребнатинка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг