Ananas – Место каде можеш да купиш сè, па дури и автомобил!

Точка

31/10/2024

11:04

703

Големина на фонт

а а а

Во изминатиот период, развојот на е-трговијата значително ги трансформираше куповните навики во регионот. Под влијание на глобалните трендови за онлајн купување и потрошувачите во Македонија почнаа сè повеќе да се вртат кон дигиталните платформи во потрага по уникатно корисничко искуство, голем избор и едноставен процес на плаќање.

Во сферата на онлајн купувањето, досега ниту еден играч на пазарот не се истакна онака како Ananas - најголемиот онлајн шопинг мол во Македонија. Со повеќе од 120,000 производи во својата понуда и повеќе од 400 активни трговци на платформата, Ananas навистина станува место каде што може да се купи сè – па дури и автомобил.


Ananas редовно го докажува иновативниот карактер со континуирано унапредување на секој сегмент од своето работење, а пред сè, тоа значи постојано подобрување на понудата која неодамна се збогати за еден неочекуван производ. Доколку на Ananas.mk пребарате „Електричен автомобил“ пријатно ќе се изненадите кога ќе пронајдете црвено електрично возило, нешто што не можете да го најдете на ниту една друга онлајн продавница. Инкорпорирање на автомобил за прв пат во својата понуда е знак дека Ananas полека но сигурно се движи кон реализирање на својата цел, да биде главна шопинг дестинација за апсолутно сè.

Со оглед на тоа што на праг ни е месец ноември кога благодарение на „Black Friday“ ќе се реализира пикот на продажната сезона и најголемите попусти, автомобилот во понудата на Ananas може да е добар индикатор за изненадувањата кои корисниците ќе ги најдат на платформата во претстојниот период.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг