[ВИДЕО] 22 милиони прегледи: Французинка се обиде да изговори англиски зборови и ги насмеа следбениците

Точка

31/10/2024

19:29

3.922

Големина на фонт

а а а

Француската тиктокерка која објавува видеа на профилот „tatatopsecret“ со своите следбеници сподели видеа на кои покажува како изгледа нејзиниот процес на учење англиски јазик, а некои зборови ѝ прават проблеми.

Во видеото во кое ги учи имињата на храната на англиски, таа заглави на одредени термини и се мачеше со изговорот, а видеото кое е прегледано повеќе од 22 милиони пати насмеа многумина.

Уште кога се соочи со првиот предизвик, којшто беше изговорот на зборот „компир“ (анг. „potato“) таа се измачуваше да го каже правилно, а нејзината фрустрација растеше како што ги изговараше останатите зборови. Кога стаса до зборот „краставица“, почнала многу да се лути бидејќи никако не можеше да го изговори правилно.


Во второто видео, кое е прегледано речиси 14 милиони пати, таа беше поуспешна во изговарањето на италијанскиот збор „пица“, но заглави на зборовите „burger“ и „oreo“, а со нејзините обиди за правилен изговор повторно ги насмеа корисниците на Тикток.


„Навистина ми се допаѓа оваа Французинка на Тикток, која објавува видеа на кои се обидува да изговара англиски зборови, и е вистинска дива“, напиша една личност на X.

„Никој не можеше да ме подготви за таков изговор на „орео“, „ОК, сите сме вљубени во неа, зарем не?“, „Кој може да го мрази овој акцент, толку е сладок“, беа само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.