Манчестер Сити вечерва му гостува на Тотенхем во рамките на осминафиналето на англискиот лига куп.
Средбата е закажана за терминот од 21:15 часот и интересно ќе биде да се види со каков состав ќе настапат „граѓаните“ кои имаа доста проблеми со повредени играчи од кои некои се клучни како Родри и Кевин Де Брујне.
На листата се уште Вокер, Грилиш, Доку, Боб…, па Пеп Гвардиола сигурно ќе ги измеша картите и шанса ќе добијат некои таленти, млади фудбалери од школата, нешто што може да се прочита од неговата изјава, најава за мечот во Лондон потенцирајќи дека здравјето е во прв план.
- Имаме неколку повредени играчи. Ќе се обидеме да имаме добар натпревар и да да поминеме. Секогаш тоа се случува. Минатата сезона бевме елиминирани од Њукасл, но игравме навистина добро. Добар настап тоа е е она што го сакам, само молам без повреди и одиме во последната недела пред репрезентативната пауза во ноември, - рече Шпанецот.