Челси се прикажува во далеку подобро светло од ланската сезона во Премиер лигата и по девет одиграни кола е на петтото место на табелата.
„Сините“ вложија огромни средства во изминативе години или по доаѓањето на новите сопственици, се сменија повеќе тренери за да сега таа функција ја извршува Енцо Мареска. Мареска порачува дека нема притисок од управата за да се заврши во Топ 4 и обезбедии пласман во Лигата на шампионите, односно дека ова е проект кој треба да се развива и напредува.
- Клубот никогаш не ми кажал за топ четири. Секогаш ми споменуваа дека целта е да се изгради нешто важно за следните четири или пет години.
- Секако ние работиме секој ден за да постигнеме нешто важно. Притисок врз играчите? Не мислам така, да бидам искрен. Ако одите натпревар по натпревар, можете да се видите каде сте во тој момент. Ако почнете да размислувате за Топ 4 или Топ 6, тогаш размислувате за јуни и за мене тоа е предалеку, - порача Мареска.
„Сините“ вечерва имаат обврска во Лига Купот, гостување кај Њукасл на „Сент Џејмс Парк“.