[ФОТО] Сите се маѓепсани од новата девојка на познатиот фудбалер: Десет години помладата убавица го сака пивото и живее со забраните

Точка

29/10/2024

21:28

2.393

Големина на фонт

а а а

Матц Хумелс за прв пат се појави во јавноста со својата нова девојка Никола Каванис, која привлече огромно внимание на јавноста.

Германскиот фудбалер Матс Хумелс (35), кој во септември стана нов играч на Рома, откако ја напушти Борусија Дортмунд, на доделувањето на Златната топка се појави со својата нова девојка, манекенката Никола Каванис (25), која со тесниот фустан привлече огромно внимание.


Двајцата изгледаа како многу хармоничен и вљубен пар, маѓепсувајќи многумина додека се шетаа и позираа на црвениот килим, а особено поради тоа што ова им беше првото заедничко јавно појавување.

Хумелс стапи во врска со 10 години помлада убавица откако се разведе од својата долгогодишна сопруга Кети, со која има син и со која беше во брак од 2015 година.

Иако на теренот не е толку успешен, изгледа дека во љубовта е. Инаку атрактивната Никола е „ангел на Викторија“, а на доделувањето на Златната топка шармираше во тесен долг фустан кој ја истакна нејзината витка линија. Таа се здоби со популарност откако стана заштитно лице на кампањата на брендот Нивеа во февруари 2021 година.

Никола е родена во Минхен и навива за Аугсбург, а со Хумелс е во врска неколку месеци. Таа неодамна за „Билд“ откри дека делумно живее живот со забрани – не смее да се шиша ниту да се тетовира.


„Морам да се договорам со нив дали смеам да одам на фризер. Не можам туку така да одам на одмор, туку морам да откажувам за да се усогласам со термините. Исто така, не смеам да се тетовирам“, призна таа.


„Сакам да пијам пиво, потекнувам од баварско село, каде отсекогаш имало фестивали на пиво. Но, јас имам нетолеранција кон пченицата, страдам од невродерматитис, доколку пијам пиво или јадам сладолед, добивам осип“, раскажа манекенката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг