Пред 13 години беше објавена песната „Somebody That I Used to Know“ еден од најголемите и најпрепознатливите хитови во светот.
Песната досега собра повеќе од 2,3 милијарди прегледи на Јутјуб, но човекот кој стои зад песната во меѓувреме одлучи да живее подалеку од светлата на рефлекторите. Денес, Готје го нарекуваат „пејач на еден хит“, а светските медиуми пишуваат дека тој речиси ништо не заработил од оваа песна.
Имено, претходно тој не сакал да се прикажуваат реклами пред репродукцијата на песната на неговиот Јутјуб канал, па така не остварил никаква потенцијална заработка. Во интервју за австралиските медиуми во 2017 година, тој изјави дека воопшто не е заинтересиран за продажба својата музика.
„Рекламите нè привлекуваат на секој чекор. Заклучив дека има повеќе смисла да се фокусираме на креативни работи и да не трошиме време на пари, адвокати и судови“, рече Воутер Андре Воли Де Бекер, професионално познат како „Gotye“.
Тој, исто така, пропуштил голема заработка бидејќи не ја лиценцирал песната за комерцијална употреба во филмови или на телевизија, претпочитајќи да им дозволи на младите уметници и студенти да ја користат песната без хонорар.
„Не ми пречи што мојата музика се користи во креативни проекти. Јас имам сопствени правила и ако некој студент по филмска уметност сака да ја користи мојата песна, јас секогаш ќе кажам да, без разлика на парите“, објасни тој.
Дополнително, тој им плаќал и хонорари на музичарите со оглед на тоа дека песната претежно е составена од делови на други песни. Тој, исто така, мораше да им плати и на други уметници кои придонесоа за песната, како што е новозеландската пејачка Кимбра. Значи, во основа не му останале многу пари.
Луѓето на социјалните мрежи често пишуваат дека навистина го ценат фактот што парите на „Gotye“ никогаш не му биле на прво место.
Роден во Белгија, „Gotye“ (Воутер Андре Де Бекер) го поминал најголемиот дел од својот живот во Австралија, каде што живее и денес. Своите први композиции ги објави во 2001 година. Хитот „Somebody That I Used To Know“, кој го сними со новозеландската кантавторка Кимбра, брзо го освои светот по неговото објавување во 2011 година.
Песната во годината кога беше објавена, се продаде ви повеќе од милион копии во Велика Британија, додека истата година во САД песната беше преземена 6,8 милиони. Исто така, песната беше број 1 на топ-листите во 26 земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и САД.
И покрај неверојатниот успех на песната, „Gotye“ се повлече од јавниот живот, а имаше некои прилично големи причини за тоа. Прво, Готи никогаш не планирал, ниту посакувал да стане ѕвезда, а од друга страна се изморил од монетизирањето на неговата музика.
Иако „Gotye“ никогаш официјално не го повлекол уметничкиот прекар, тој во 2014 година, ги извести обожавателите дека „повеќе нема да има нова музика на „Gotye“. Паузата од јавниот живот му овозможи да се посвети на некои други уметнички проекти. Во 2014 година, тој лансираше независна издавачка куќа наречена „Spirit Level“, а исто така, стана активен член на бендот „The Basics“.