Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, минатиот викенд одржа предизборен митинг во Медисон Сквер Гарден, а Меланија Трамп привлече големо внимание меѓу толпата.
Илон Маск, најбогатиот човек на светот, го најави доаѓањето на поранешната прва дама на сцената, а нејзиното појавување предизвика голем аплауз кај публиката...
Можеби затоа што ова е прво појавување на сопругата на Трамп во јавност по долго време, а како и обично го украде целото внимание со својот стајлинг.
Таа за оваа пригода облекла црно-бел капут со животински принт, а косата ја средувала на вообичаен начин - ја пуштила слободно да и паѓа преку рамениците.
Овој политички собир Меланија го отвори со петминутен говор, по што го покани сопругот да и се придружи и официјално да го отвори овој собир. И токму тој момент привлече внимание...
Доналд се надеваше дека овој пат ќе има можност јавно да ја бакне сопругата, но - тоа не се случи. Меланија го сврте образот кон него, а непријатната сцена со бакнување го обиколи светот - и тоа во вид на видео.
Коментарите на корисниците на мрежата само се редеа под објавениот видео материјал, а многумина се прашуваат едно – Колку Трамп требаше да и плати на сопругата за да се појави на оваа средба?
„Се прашувам колку и платил за да дојде?“, „Сигурно не и платил доволно“, „И сопругата не ја поддржува неговата кампања, па мора да плати за да дојде“, беа само дел од коментарите. ..