По премиерата на минатогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Торонто, неодамна во одбрани кина почна да се прикажува филмот „Woman of the Hour“ а правото за прикажување го откупи Нетфликс. Криминалната драма е инспирирана од вистинската приказна за серискиот убиец Родни Алкала и младата жена Шерил Бредшо и стана главна тема на светските медиуми.
Во продолжение ви пренесуваме повеќе детали за Родни Алкала и другите сериски убијци чии злосторства толку многу ја заинтригираа јавноста така што се снимаа филмови и серии за нив.
Родни Џејмс Алкала беше американски сериски убиец и осуден сексуален престапник кој беше осуден на смрт во Калифорнија за пет убиства извршени помеѓу 1977 и 1979 година. Тој беше познат како „Dating Game Killer“ поради неговото учество во ТВ емисијата „The Dating Game“.
Станува збор за популарна ТВ емисија од 1978 година во кое една жена „на слепо“ одбира еден од тројцата сингл мажи, а врз основа на нивните одговори на нејзините прашања. Алкала бил избран, но жената (Шерил Бредшо) се откажала од него кога го сретнала лице в лице бидејќи почувствувала нешто чудно.
Алкала првпат беше осуден на смрт во 1980 година, по киднапирањето и убиството на 12-годишната, Робин Самсоа во Лос Анџелес една година претходно, но Врховниот суд на Калифорнија ја поништи таа пресуда и нареди ново судење. На повторното судење тој ја доби истата казна, која потоа повторно беше поништена во 2003 година, а во следните години истрагата го поврза Алкала со уште четири убиства на жени на возраст од 18 до 32 години.
На судењето во 2010 година, тој беше прогласен за виновен за убиство на девојка и уште четири жени во периодот од 1977 до 1979 година, а во 2012 година беше екстрадиран во Њујорк, каде што призна уште две убиства, за коишто доби казна затвор од 25 години до доживотен затвор. Тој беше осомничен за убиство на голем број други жени во Калифорнија, а властите веруваат дека тој убил можеби повеќе од 100 луѓе.
Полицијата ја пронашла неговата колекција од повеќе од 1.000 фотографии на возрасни жени, тинејџерки и момчиња, многумина во сексуално експлицитни пози. Алкала почина од природна смрт во 2021 година.
Едвард Теодор Геиn е еден од најозлогласените американски сериски убијци. Тој е познат како „месарот од Плејнфилд“. Роден е во 1906 година и живеел во Висконсин. Тој беше познат и како „секач на телото“, но само две негови убиства беа потврдени, иако неколку пати беше осомничен. Најшокантно нешто кај него е бизарната и вознемирувачка природа на неговите злосторства.
Злосторствата на Геин беа инспирација за хорор филмовите „Psycho“, „The Silence of the Lambs“ и „The Texas Chain Saw Massacre“, а наскоро пристигнува и серија на Нетфликс за него. Геин стана озлогласен во 1950-тите, кога властите открија дека тој не само што убил неколку луѓе, туку и ги откопал нивните трупови од локалните гробишта во близина на неговиот дом и ги остатоците од човечките тела ги претворил во предмети за домаќинството, сувенири и облека.
За неговите злосторства станаа јавноста дозна во 1957 година. Тој ги призна убиствата на две жени: сопственичката на таверната Мери Хоган во 1954 година и сопственикот на продавница за железарија Бернис Ворден во 1957 година. Геин првично беше прогласен за неспособен за да му се суди и беше затворен во институција за ментално здравје.
До 1968 година, тој се стекна со способност за да му се суди и беше прогласен за виновен за убиството на Бернис Ворден, но тој исто така беше непресметлив, па затоа беше задржан во психијатриска институција. Остатокот од животот го поминал во психијатриски институции во Висконсин, а починал од рак на белите дробови во 1984 година на 77-годишна возраст.
Озлогласениот сериски убиец Џефри Дамер од Милвоки мачел и убил 17 момчиња и мажи од крајот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите. Тој беше уапсен во 1991 година за грозоморните убиства. Тој исто така беше осуден за некрофилија и канибализам, а ги чуваше деловите од телата на своите жртви. Во 1994 година, затвореникот Кристофер Скарвер го претепа до смрт во затвор.
Серијата за Џефри Дамер беше објавена на 21 септември 2022 година и брзо стана една од најгледаните серии на Нетфликс досега. Дамер го играше Еван Питерс. Приказната за серискиот убиец Дамер е веќе документирана, но Нетфликс се обиде да понуди поинаква перспектива со својата серија.
Имено, серијата е фокусирана на неговите жртви, како и на неспособноста на полицијата да го фати низ годините. Вклучува сцени во кои Дамер храни жена со сендвич наполнет со човечко месо, како и приказ на неговиот методи за мамење на своите жртви, нивно онесвестување и да вршење на грозоморни дејствија врз нив.
Таткото на серискиот убиец Џефри Дамер, Лајонел Дамер, имал своја теорија зошто неговиот син станал сериски убиец. Лајонел почина на крајот на минатата година, а за убиствата на својот син зборуваше во интервју за емисијата „Inside Edition“ на „CBS“.
Лајонел тврдеше дека можеби постои поврзаност помеѓу лековите што ги земала неговата сопруга Џојс пред да се роди Дамер со неговите злосторства, иако тоа не е потврдено.
Ричард Рамирез бил сериски убиец познат како „Night Stalker“. Тој беше во затворот Сан Квентин од 1989 година, кога беше осуден за 13 убиства, пет обиди за убиства, 11 случаи на сексуален малтретирање и 14 кражби извршени меѓу 1984 и 1985 година. Тој беше во исчекување на извршувањето на смртната казна, но почина од природна смрт во 2013 година.
Некои од неговите жртви биле застрелани, други задавени или заклани. Тој исто така оставал сатанистички симболи на местата на злосторството и влегувал во домовите преку незаклучени врати и прозорци.
Во 2021 година, на Нетфликс беше објавена серијата „Night Stalker: The Hunt for a Serial Killer“. Серијата од четири дела ја следи потрагата по Ричард Рамирез, кој во 1985 година шири страв низ улиците на Лос Анџелес.
Рамирез, за разлика од другите сериски убијци, немал посебен тип на жртви, туку убивал мажи и жени, млади и стари, па дури и деца. Понекогаш ги ограбувал куќите на своите жртви, некогаш не, а некои и ги оставал живи. Неговите злосторства биле толку различни што на многумина им било тешко да поверуваат дека тој е истиот криминалец, а серијата следи како двајца детективи од Лос Анџелес успеале да го пронајдат и уапсат.
Инаку многумина корисници на „Х“ коментираат дека имале проблеми со спиењето откако ја гледале серијата, особено со отворени прозорци.
Тед Банди беше еден од најбруталните сериски убијци во Америка, каде во 70-тите младите девојки почнаа да исчезнуваат без трага. Бил и крадец, силувач и некрофил. Во доцните дваесетти години го извршил своето прво убиство. Од 1974 до 1978 година силувал и убил повеќе од 30 девојки.
Тој е уапсен сосема случајно, при рутински преглед на неговото возило. На судењето тој се откажа од својот адвокат и се бранеше сам, вешто манипулирајќи со поротата во одредени фази од судењето, но и покрај тоа беше прогласен за виновен и осуден на смрт со егзекуција на електричната столица. По повеќе од десет години негирање каква било поврзаност со убиствата, тој конечно призна дека ги извршил. Тој беше погубен во 1989 година на електрична столица, а никогаш не покажувал емоции или каење за своите постапки.
Во 2019 година, на 30-годишнината од егзекуцијата на Банди, на Нетфликс беше објавен документарниот филм „Conversations with a Killer: The Ted Bundy Tapes“.
Џон Вејн Гејси, попознат како „кловн убиец“, беше еден од најлошите сериски убијци досега. Во периодот од 1972 до 1978 година, тој убил 34 млади мажи и момчиња, а телата на повеќето од нив ги закопал во подрумот на својата куќа.
Тој беше обвинет за злосторства во 1980 година, а погубен 14 години подоцна. Гејси, кој поседувал градежна компанија, често се преправал дека е полицаец за да ги привлече своите жртви. Го нарекуваа кловн-убиец затоа што често се преправаше во кловн наречен Пого.
Тој наводно побарал неговиот последен оброк, да бидат 12 ракчиња, помфрит и пржено пилешко, сите прелиени со свежи јагоди.
Документарниот филм „John Wayne Gacy: Devil in Disguise“ ја истражува теоријата дека Гејси не дејствувал сам, туку имал помошници во неговите убиствени походи.
На крајот вреди да се споменат браќата Менендез, кои беа осудени за убиство на нивните родители пред повеќе од три децении во случај којшто го шокираше САД. Тие не се сериски убијци, но нивниот случај предизвикува внимание бидејќи објавена на Нетфликс со недели е една од најгледаните.
Судењето на браќата Менендез започна во 1993 година. Тоа беше еден од првите големи случаи кои беа емитувани на телевизија, поради што беше предизвикан бран на јавен интерес. Клучните тврдења на одбраната на браќата биле дека ги убиле родителите во самоодбрана и дека нивниот татко сексуално ги малтретирал во текот на нивното детство, додека нивната мајка била емоционално нестабилна и неодговорна. Тие тврдеа дека убиствата ги извршиле од страв за сопствениот живот, убедени дека родителите ќе ги убијат за да го прикријат малтретирањето.
Јавноста на почетокот беше згрозена од бруталноста на злосторството, но мислењата почнаа да се менуваат кога во текот на судењето во јавноста се појавија сведоштва за малтретирање. Некои веруваа дека браќата биле жртви на сурово малтретирање, додека други верувале дека нивните мотиви биле чисто финансиски.
Првиот дел од судењето заврши во 1994 година без пресуда, бидејќи поротата не можеше да донесе едногласна одлука. За време на второто судење во 1996 година, обвинителите ги оспорија тврдењата на браќата за малтретирање и рекоа дека убиствата биле мотивирани од алчност. Вториот пат беа прогласени за виновни за убиство од прв степен и осудени на доживотен затвор без можност за помилување.
Инаку серијата за нив која неодамна беше објавена на Нетфликс, се нарекува „Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story“, а станува збор за втората сезона од антологиската серија „Monster“.