Гути со експлозивно обраќање за „Златната топка“: Пред една година го нокаутираа Родри, ова нема смисла!

Дерби

29/10/2024

14:22

1.465

Големина на фонт

а а а

Свечената церемонија по повод 68-то доделување на „Златната топка“ предизвика голема дебата во јавноста, но отвори полемики дури и во Шпанија каде има многумина кои сметаат дека има еден играч кој повеќе ја заслужил наградата од Родри.

Играчот на Манчестер Сити стана само вториот Шпанец во историјата кој го добива најпрестижното признание од Франс Фудбал, а во низата критики за критериумите и вредностите околу оваа награда се јави и Хосе Марија Гути.

Легенарниот играч на Реал Мадрид жестоко застана во одбрана на играчите на „кралскиот клуб“, алудирајќи на тоа дека луѓето од Франс Фудбал и УЕФА решиле да компензираа за големата неправда која му била нанесена на Родри пред една година.

– Оваа церемонија за „Златна топка“ беше специјална бидејќи во изборот имаше многу играчи на Реал. Ако не е Вини, тогаш треба да биде Белингам, ако не е Џуд, треба да биде Карвахал. Ова нема смисла, оваа награда треба да биде за еден од најдобриот тим во светот, а тоа е Реал Мадрид.

– Оваа година не смееја да ја дадат наградата на играч кој не е од Реал Мадрид. Родри имаше одлична сезона, но тој ја заслужи минатата година, а не му ја дадоа. Лани го нокаутираа како многу други Шпанци во историјата. Бидејќи не му ја дадоа лани, решија да му ја дадат сега. Според мене, ова не е праведно. Бидејќи не му ја дадоа минатата година, сега решија да му ја дадат за да не победи играч на Реал. Тоа е реалноста, а таа за мене нема никаква смисла, – потенцира Гути во емотивното и експлозивно обраќање во емисијата на „Ел Чирингито“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг