Стаса потврда и од Русија и од Украина: Русите силовито напредуваат спрема клучниот град

Точка

27/10/2024

11:34

3.486

Големина на фонт

а а а

Руските сили напредуваат во неколку градови во источна Украина, приближувајќи се до остварувањето на нивната цел да го заземат стратешкиот град Покровск, објавија руски и украински блогери.

„Непријателот напредуваше во Селидове“, беше објавено доцна синоќа на „Телеграм“ групата „DeepState“, која е тесно поврзана со украинската војска. Таа објави мапа на која се прикажани руските сили во југоисточниот дел на градот.

Падот на Селидове би го отворил патот спрема Покровск

Руските сили од минатата недела го напаѓаат рударскиот град Селидове во украинската област Доњецк. Неговото заземање би го отворило патот за руското напредување кон логистичкиот центар Покровск 20 километри северозападно.


Руската новинска агенција „SHOT“ објави на „Telegram“ дека московските сили контролираат 80 отсто од Селидове.

„Кренато руското знаме во Хирник“

Лидерот на регионот Доњецк, назначен од Русија, Денис Пушилин, рече дека руските сили го кренале знамето на покривот на една од зградите во градот Хирник, на околу 14 километри јужно од Селидове, пренесе руската државна новинска агенција „РИА“.


Руските воени блогери, исто така, објавија дека руските сили се блиску до освојување на градот Курахова, југозападно од Хирник. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите, додека Украина не ги коментираше.

Украинската војска известува за одбивање на нападите

Украинските вооружени сили во вчерашниот вечерен извештај соопштија дека претходниот ден одбиле 36 руски напади долж линијата на фронтот во Покровск, вклучувајќи ја и областа Селидове, додека неколку битки сè уште се во тек.


Откако Москва не успеа да го освои главниот град Киев на почетокот од нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година и да победи, рускиот претседателот Владимир Путин, ги намали своите воени амбиции на освојување на стариот индустриски центар во источна Украина познат како Донбас, кој ги опфаќа регионите Луганск и Доњецк.


Минатиот месец руските сили таму напредуваа со најбрзо темпо од март 2022 година, според податоците од достапни извори, и покрај тоа што Украина зазеде дел од рускиот регион Курск.



Спонзорирани линкови

Маркетинг