[ВИДЕО] Пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово

Макфакс

27/10/2024

21:32

1.043

Големина на фонт

а а а

Вечерва избувна пожар во дел од туристичкиот комплекс „Манастир“ во Берово, информираат тамошните општински власти.

На терен се екипи на ТППЕ Берово кои веднаш по дојавата се упатиле во кругот на објектот каде е забележан густ чад.

Изгаснат пожарот во хотелскиот комплекс МАНАСТИР во Берово - штетата е значителна 🟥

Posted by Kurir on Sunday, October 27, 2024

Како што информира „Курир“, пожарот го зафатил поткровниот дел на хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово.

Во моментов пожарот е изгаснат но предизвикана е значителна материјална штета.


Видео: kurir.mk



Спонзорирани линкови

Маркетинг