[ВИДЕО/ФОТО] „Red Bull“ пилоти наопаку летаа околу највисокиот железнички мост во Европа

Точка

25/10/2024

15:21

350

Големина на фонт

а а а

На Flying Bulls или најпознатиот акробатски тим им успеа нешто што на никој друг му немаше појдено од рака - летање на четири авиони во формација наопаку околу највисокиот мост во Европа, мостот над Мала Река во Црна Гора.

Flying Bulls повторно испишаа нова страница во историјата на акробатиката и летањето во формација со успешна реализација на овој лупинг, а во главните улоги беа лидерот Stanislav Čejka, десното крило Jan Tvrdík, левото крило Jan Rudzinsky и на крајот од формацијата леташе Martin Špaček.


Визонерски предизвик во екстремни услови

Светски познат по поместување на границите во светот на воздушните акробатски перформанси, тимот на Flying Bulls веќе подолго време беше во потрага по вистинската локација за нов сериозно-адреналински предизвик.


Изборот падна на мостот над Мала Река во Црна Гора или највисокиот железнички мост во Европа, сместен во суровиот пејсаж на Црна Гора.


Ризиците на овој проект беа многубројни, но еден фактор е доволен за да се разбере неверојатната храброст и подготвеност на пилотите: во случај на пад, не е возможно да се отвори падобранот на пилотот поради ниската висина на летање, а ниту пак авионот може принудно да слета поради кањонската околина.

Хируршка прецизност

Тренинг периодот за реализација на овој историски подвиг траеше неколку месеци, каде членовите на Flying Bulls се фокусираа на усовршување на својата изведба преку изведба на безбројни лупинзи во формација - дијамант, формација која бара целосна доверба во лидерот и апсолутна прецизност од сите членови на тимот.


“Моравме да занемариме сѐ - карпи, мост - и целосно да се фокусираме на пратење на Stanislav, неговите инструкции и лидерство”, изјави Jan Tvrdík, кој додаде дека изведбата на акробатските елементи во така “затворен” простор е непроценливо комплицирана и тешка задача.

Нереално достигнување

Најимпресивниот момент беше целосниот, полн круг околу мостот, додека сите 4 авиони се во формација наопаку. Изведбата на овој подвиг, на овој начин, под влијание на негативните Г сили, е маневр кој никогаш не се изведува во толку тесен простор и во такви услови.


Покрај бројните титули и рекорди, тимот на Flying Bulls продолжува да ги поместува границите на возможното во летањето во формација. Нивниот успешен лет околу мостот над Мала Река во Црна Гора е доказ за уникатен тимски дух, посветеност, прецизност и страст за подигнување на летачката акробатиката на нови, до сега недостижни, висини. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг