[ВИДЕО] Од стара црква си направила дом: Спие на олтарот, а оргулите ги користи како шанк

Точка

24/10/2024

23:16

1.331

Големина на фонт

а а а

Присила и нејзиниот сопруг Мортон живеат во црква стара 154 години во внатрешноста на Пенсилванија, САД. Тие ги отворија вратите од својот необичен дом за корисниците на социјалните мрежи и покажаа како го уредиле.

За време на обиколката, жената покажала делови од зградата од 900 квадратни метри, вклучувајќи и двор со голем паркинг и камбанарија.


Присила на почетокот го покажала своето студио во кое изработува накит и други предмети. Потоа ја снимила спалната соба сместена во источниот олтар и големиот ѕид каде што проектираат филмови.

Таа објасни дека поголемиот дел од времето го поминува со сопругот во западниот олтар, каде што ја уредиле дневната соба, пренесува „Сан“.


Кога станува збор за декорирањето, жената инсистира на креативност, а одредени парчиња мебел ги нашла покрај контејнерите.

„Ги зачував овие прекрасни столчиња и морам да ги тапацирам“, рекла таа.


Црквата ги задржала повеќето од своите оригинални карактеристики, вклучувајќи ги и оргулите, кои ги претвориле во шанк.

Во огромниот простор има бројни катчиња за одмор, пишување, забава, како и трпезариска маса од шест метри.


Нивниот син живее во подрумот од црквата, кој се простира на околу 200 метри квадратни, со две спални соби.



Присила ја покажа и надворешноста на црквата, терасата за сончање и големиот паркинг. Таа посочува дека еден од највозбудливите делови е камбанаријата со поглед на блиското село.




Спонзорирани линкови

Маркетинг