Кучињата како терапија: Вака овие домашни миленици го подобруваат нашето ментално здравје

Точка

23/10/2024

21:28

425

Големина на фонт

а а а

Сè поголем број луѓе се справуваат со проблеми со менталното здравје, а многумина бараат решенија во невообичаени, но сè попопуларни методи, како што е терапијата со кучиња.

Кучињата, познати како најдобри пријатели на човекот, нудат многу повеќе од само забава и игри, нивната поврзаност со луѓето е подлабока и позначајна. Присуството на кучиња може значително да го намали чувството на осаменост и изолација, што е од витално значење за луѓето кои се борат со депресија, пишува „Кликс.ба“.

Редовните прошетки со кучето поттикнуваат физичка активност, а физичката активност е позната по нејзините позитивни ефекти врз расположението и менталното здравје.


Интеракцијата со кучињата го стимулира лачењето на окситоцин, познат како „хормон на љубовта“, кој помага во намалување на стресот и анксиозноста. Дополнително, контактот со куче може да го намали нивото на кортизол, хормонот на стресот, додека ги зголемува нивоата на серотонин и допамин, невротрансмитери поврзани со чувството на среќа и задоволство.

Освен што даваат емоционална поддршка, кучињата помагаат и во создавањето социјални врски. Сопствениците на кучиња често се среќаваат со други љубители на кучиња за време на прошетките и дружењата во паркови, што го намалува чувството на изолација и ја поттикнува социјалната интеракција. Грижата за куче помага да се воспостави дневна рутина и обезбедува чувство на одговорност, што е особено важно за луѓето кои се борат со депресија.


Иако кучињата не се магичен лек за депресија, нивното присуство и безусловна љубов може значително да го подобрат менталното здравје. Без разлика дали се работи за куче за терапија или за обично милениче, кучињата се важен извор на поддршка и радост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг