[ФОТО/ВИДЕО] Израелска војска ликвидирала тројца команданти на Хезболах?! Нападната базата на ИД, сирените плачеа, Блинкен мораше да трча до засолништето?!

Точка

23/10/2024

18:50

1.457

Големина на фонт

а а а

Во нападот на израелските сили загинаа и околу 70 борци на Хезболах

Израелската армија (ИД) денеска соопшти дека во изминатите два дена убила тројца команданти на Хезболах и околу 70 членови на таа организација и дека продолжува со „ограничени, локализирани и насочени напади“ врз инфраструктурата и милитантите во јужен Либан.


Еден ден откако потврди дека го убила високиот функционер на Хезболах Хашем Сафиедин, кој се сметаше за најверојатниот наследник на неодамна убиениот лидер на Хезболах Саид Хасан Насралах, ИД ги прошири повиците за евакуација на уште неколку населби околу пристанишниот град Тир во јужна Либан.

Израелската офанзива принуди најмалку 1,2 милиони Либанци да ги напуштат своите домови, а во копнените и воздушните напади загинаа 2.530 луѓе, вклучително и најмалку 63 во изминатите 24 часа, соопшти либанската влада.


Хезболах не ги коментираше наводите на ИД за убиството на Сафиедин, објави Фонет.

Либанскиот Хезболах утринава цели на израелска воена разузнавачка база во близина на Тел Авив, додека израелската армија синоќа цели и во јужните предградија на Бејрут. Хезболах соопшти дека истрелал низа ракети „како одговор на непријателските масакри“.


Воената база Глилот постојано беше цел на Хезболах.

Израелските воздухопловни сили извршија серија ноќни напади врз јужните предградија на Бејрут, каде што се упориштата на проиранските групи, пренесе Бета.


Израелските воздухопловни сили соборија две ракети од Либан кои ги активираа сирените за воздушен напад во Тел Авив во средата, соопшти војската, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети градот.

Некои високи функционери на американскиот Стејт департмент и новинари во хотелот во кој престојуваше Ентони Блинкен ја напуштија салата за појадок и побрзаа да се засолнат заедно со другите гости и персоналот на хотелот кога се огласија сирените, објави Ројтерс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг