[ВИДЕО/ФОТО] Терористички напад во Турција, има загинати и повредени, објавена е снимка од нападот

Макфакс

23/10/2024

17:34

2.684

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја денеска соопшти дека е извршен терористички напад на подрачјето на турската воздухопловна индустрија (ТУСАС), во кој има загинати и ранети, јавува агенцијата „Анадолија“.

Јерликаја во објава на социјалните мрежи рече дека терористичкиот напад бил извршен во кругот на фабриката за авиони ТУСАС во областа Кахраманказан во Анкара.

„За жал, има загинати и ранети во нападот. На загинатите им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, изјави Јерликаја.

На социјалните мрежи објавено е видео од надзорната камера на кое се гледаат двајца напаѓачи. Имаат автоматски пушки во рацете и ранци на грбот.

Најмалку тројца загинати во терористичкиот напад во Турција

Три лица загинаа во нападот врз седиштето на турската државна фабрика за авиони, изјави локалниот градоначалник, Селим Чирпаноглу.

Тој рече дека се ранети уште пет лица, пренесува „Ројтерс“.

Турските медиуми пишуваат дека двајцата напаѓачи се неутрализирани, но засега нема официјална потврда за веста.

Исто неофицијално, дел од турските медиуми јавуваат дека во зградата на фабриката за авиони биле држени работници како заложници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг