Американското ЦДЦ соопшти дека најмалку едно лице починало од труење во рестораните на Мекдоналдс.
Најмалку едно лице почина, а околу педесетина се разболеа од труење со ешерихија коли во рестораните на Мекдоналдс низ десет американски сојузни држави, објави денеска Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), пренесува Си-Ен-Ен.
Според ЦДЦ, труењето е поврзано со хамбургерот „Quote Pounders“.
Меѓу десетте лица кои се задржани на лекување во болница е и дете кое има хемолитички уремичен синдром, сериозна медицинска компликација која може да настане од инфекција со бактеријата ешерихија коли.
Повеќето од болните се во Колорадо и Небраска.
Според ЦДЦ, истрагата за случајот е во тек, а прелиминарните податоци покажуваат дека изворот на труењето е исечен кромид што се користел за хамбургери.
Мекдоналдс престана да користи кромид, како и да ги продава своите хамбургери „Quote Pounder“ во неколку држави додека истрагата е во тек.
Во соопштението Мекдоналдс наведува дека резултатите од истрагата за причините за труењето покажуваат дека токму кромидот бил купен од еден производител кој испорачувал три дистрибутивни центри.