Автомобилот е развиен како омаж на легендарниот модел "917", кој пред 50 години исто така беше легализиран за улична употреба.
"Porsche" ја изненади автомобилската сцена со претставувањето на моделот "963 RSP" – вистински тркачки автомобил за Ле Ман, адаптиран за возење по јавни улици.
И покрај тоа што има сребрена металик боја, кожен управувач и дури држач за чаша, во суштина се работи за автентичен "LMDh" тркач со "V8" мотор и хибриден систем.
Овој автомобил е развиен како омаж на легендарниот "Porsche 917", кој пред половина век исто така доби легална улична верзија.
"Porsche" ќе произведе само еден примерок од моделот "RSP" – специјално наменет за Роџер Пенске, шефот на "Porsche Penske Motorsport" тимот, по чии иницијали го носи и името.
"RSP" користи шасија и технологија директно преземени од тркачкиот модел "963", но со неопходни модификации за јавни патишта – како помеко потпирање, светлосна сигнализација, таблички и други елементи за хомологација.
Под карбонската каросерија се наоѓа 4.6-литарски V8 мотор во комбинација со хибриден систем, сличен на оној од "Porsche 918 Spyder", кој во тркачка конфигурација развива околу 700 коњски сили.
Интересен детаљ е што стартувањето на автомобилот бара лаптоп и тим инженери, а не обичен клуч.
Возилото веќе е забележано со француски пробни таблички како се движи низ улиците околу Ле Ман, а наскоро ќе се појави и на Фестивалот на брзина во Гудвуд и на "Car Week" во Монтереј, по што ќе му биде предадено на својот сопственик.
Иако "Porsche" засега не планира дополнителни примероци, не ја исклучува целосно таа можност.