Целосно „промашување“: Електричната G-класа не наиде на добар прием кај купувачите

Точка

09/06/2025

20:21

650

Големина на фонт

а а а

Електричниот теренец е „целосно промашување“ – тоа се зборовите на директор од "Mercedes-Benz", кои ги пренесува порталот "Motor1".

"Mercedes" имаше големи очекувања од електричната верзија на G-класата, надевајќи се дека купувачите лесно ќе се префрлат на EV моделот. Но, новиот извештај ја покажува суровата реалност.


Заглавена кај дилерите

Според германскиот "Handelsblatt", раководството на "Mercedes" признало дека моделот не постигнал комерцијален успех. „Автомобилот стои кај дилерите и засега претставува промашување“, изјавил еден од директорите, чие име не се открива.

Бројките го потврдуваат тоа: до крајот на април се продадени само 1.450 електрични G-класи, додека стандардниот модел со бензински и дизел мотори забележал 9.700 испораки.


Луѓето сакаат „вистинска“ G-класа

Причините се очигледни: електричниот модел е значително поскап, има помала носивост (415 kg) и не располага со кука за влечење приколка. „Луѓето сакаат вистински "Geländewagen" со шест или осум цилиндри“, признал друг директор.

Од "Mercedes" тврдат дека се „во рамки на поставените цели за продажба“, и најавуваат дека до 2030-тите ќе продолжат да нудат и електрични и бензински верзии, оставајќи им на купувачите самиот избор.