Принцот Вилијам проговори за тема која долго време го мачи: Не може повеќе да молчи, а ја спомна и својата покојна мајка „Тој е вистински мамин син“

Точка

16/10/2024

21:00

1.097

Големина на фонт

а а а

Вилијам сака да го искорени бездомништвото, иако е свесен дека тоа денес стана глобален проблем. Затоа, тој ќе зборува за оваа важна тема во документарниот филм наречен „Принцот Вилијам: Можеме да го запреме бездомништвото“

„Полека се обидував да сфатам што можам да направам со оглед на мојата улога и платформата што ја имам“, рече принцот Вилијам (42) на почетокот на видеото што се појави на официјалната страница на Инстаграм на принцот и принцезата од Велс. Изгледа дека тргнал по стапките на својата мајка, принцезата Дијана и решил да го направи она што таа силно го застапува. Долго време го измачува тоа што во 21 век има луѓе кои се бездомници и тоа сака да го промени.


„Најдов инспирација и водилка во она што го правеше мајка ми, особено во однос на бездомниците“, вели Вилијам, кој сака да го искорени бездомништвото, иако е свесен дека тоа денес стана глобален проблем. Затоа, за оваа важна тема ќе зборува во документарниот филм „Принцот Вилијам: Можеме да го запреме бездомништвото“, кој наскоро треба да пристигне на малите екрани. Станува збор за ексклузивен документарец кој има за цел да покаже дека е можно да се спречи толку многу луѓе во светот да немаат каде да живеат.


Следбениците на социјалните мрежи беа воодушевени бидејќи во видеото ја спомна својата покојна мајка и нејзината хуманитарна работа, за која се зборува и денес, речиси 3 децении по нејзината трагична смрт.

„Тој е вистински мамин син. Дијана не само што би била горда во каков неверојатен човек порасна, туку и горда затоа што нејзиниот син ќе биде најдобриот иден крал што Велика Британија некогаш го имала. Те сакаме Вилијаме“, истакна еден корисник на мрежата, а друг додаде:


„Ова е слика на вистински кралски наследник“.

Инаку, Вилијам оваа година помина низ тежок период бидејќи на неговиот татко, кралот Чарлс, му беше дијагностициран рак. Како тоа да не било доволно, за истата тешка дијагноза дознала и сопругата на Вилијам, Кејт Мидлтон.


Покрај кралските должности, принцот преземал и дел од должностите на својот татко и жена, а попатно морал да им биде најголемата можна поддршка во тој најтежок период од нивниот живот. Кејт на почетокот на септември откри дека го завршила процесот на хемотерапија, но и дека е свесна дека патот до целосно закрепнување е долг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг