[ФОТО] Ѕвездата на хит-серијата се соблече во 57-та година и настана карамбол: Гордо го покажува своето природно тело без пластични операции и не се срами од несовршеностите

Точка

16/10/2024

16:20

852

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и ѕвезда на една од најдолгите телевизиски серии, „Вовед во анатомија“ – Кејт Волш, била фотографирана на една австралиска плажа како ужива во друштво на нејзиниот вереник Ендрју Никсон.

Парот бил забележан како се забавува на сонце, а 57-годишната Волш не ја тргала насмевката од лицето додека гордо ги покажувала своите облини и природното тело во зелен костим за капење. Многумина биле воодушевени од нејзиниот природен изглед и коментирале дека вака изгледа среќна и задоволна жена. Луѓето ја поздравиле нејзината природност и тоа што и покрај славата и парите не подлегнала на естетската хирургија.


Инаку, Никсон е успешен фармер, а гласините за нивната врска започнале на почетокот на 2022 година. Тие наводно се запознале на крстарење и моментално живеат заедно во Австралија.

Никсон работи во „Nixon Farming“, семеен бизнис за земјоделство во Австралија, кој таму одгледува мерино овци, пченица, овес … и други сорти.


Поради заносниот Австралиец, 56-годишната американска актерка која има 56 години е подготвена повторно да застане на „лудиот камен“. Зад себе го има бракот со Алекс Јанг, кој траел од 2007 до 2010 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг