И по 17 години, Весна Петрушевска со болка се сеќава на Тоше: „Зимава ја имав последната средба со татко ти, а знам дека и ти беше таму“

Точка

16/10/2024

17:39

1.581

Големина на фонт

а а а

На денешен ден, пред 17 години, трагично згасна животот на најголемата музичка ѕвезда – Тоше Проески.

Беше препознатлив по својата топлина, добрина и хуманост. Еден од ретките луѓе кои сите умеат да ги сакаат. Во својот краток живот оствари безброј контакти и познанства, како и соработки кои продолжија и ќе продолжат да живеат уште долги години откако него го нема.

Меѓутоа, блиските пријатели … Оние кои го познаваа како дише и секоја болка со која се соочува – веруваме дека биле малку.


Но, со сигурност можеме да кажеме дека пријателството со Весна Петрушевска – Бејби бил еден од најискрените и длабоките односи кои постоеле на нашата естрада. За тоа сведочи и самата Бејби, која никогаш не пропушта да го спомене јавно за ниту еден датум поврзан со него. А зад кулисите, веруваме секојдневно ја чувствува празнината која тој ја остави кога си замина од овој свет на само 26-годишна возраст.

Во продолжение на текстот, во целост ви ја пренесуваме емотивната порака која таа ја објави на нејзиниот Инстаграм профил – по повод 17 години без Тоше.


„Зима 2024. Врне снег и одам тивко по уличката која ја знам многу добро. Одам накај тебе дома и почнувам да се тресам. Мислам ќе се појавиш од некаде, па потскокнувам. Ги бројам чекорите кои оставаат траги и се губат од снегот повторно.

На порта излегува мајка ти и почнуваме да плачеме. Ми шепоти: ’17-та година врви‘. Влегуваме тивко во дневната соба и таму насмеан ме пречекува татко ти. Ми вели: ’Не ме пушта да си идам. Ете така сум‘. Молчиме и се гледаме.

Мајка ти ми подава чаша јогурт со твојот насмеан лик и твојата омилена пита со сирење за Бадник. Едвај подголтнувам. Знаев дека Никола ќе го видам последен пат.

Твојата ’буба‘ е покриена во дворот. Како само таа да ги чува сите спомени, затворена од сите страни.

Се видовме уште еднаш другиот ден да им однесам нешто што само ти сакаше. Долго гледав во празниот двор и сивото небо кое ме гушкаше. Беше студено и ти беше со мене, знам.



Те сакам, твоја Бејби“, напиша Петрушевска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг