Франција воведе нова забрана за Израел! Се продлабочи конфликтот меѓу Макрон и Нетанјаху

Точка

16/10/2024

19:00

1.144

Големина на фонт

а а а

Забраната е последна во серијата дипломатски судири меѓу Макрон и Нетанјаху.

Одлуката да му се забрани на Израел да учествува на саемот за оружје во Франција е дел од продлабочениот конфликт меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Франција им забрани на израелските воени компании да изложуваат на саемот за оружје што се одржува во Париз.

Станува збор за забрана за учество на „Евронавал трејд шоу“ што ќе се одржи на почетокот на ноември, изјави за весникот Политико неименувано лице запознаено со настанот.


На израелската делегација ќе и биде дозволено да присуствува на настанот, но на компаниите нема да им биде дозволено да потпишуваат договори или да ги презентираат своите производи, додаде изворот кој сакаше да остане анонимен.

Забраната е последна во серијата дипломатски препукувања меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а доаѓа откако Израел ги засили ракетните и воздушните напади врз Појасот Газа и Либан.

Како што пренесува „Волстрит журнал“, одлуката за забрана е донесена во вторник. Ова е втор пат за неколку месеци на израелските одбранбени компании да им биде забрането да учествуваат на саеми за оружје во Франција.

Во текот на месец јуни, Париз им забрани учество на настанот Eurosatory - еден од најголемите светски саеми за оружје кога станува збор за копнената армија.


„Евронавал“ е еден од најголемите саеми за оружје фокусирани на воената технологија кога е во прашање морнарицата и ќе се одржува од 4 до 7 ноември на периферијата на Париз. Во него ќе има водечки компании како BAE Systems, Naval Group, Fincantieri и KNDS.

Според официјалната веб-страница на саемот, седум израелски воени производители треба да ја претстават својата опрема, меѓу кои Rafael, Elbit Systems и Israel Aerospace Industries.


Во последните недели, Макрон апелираше до другите земји да не му доставуваат дополнително оружје на Израел доколку тоа оружје е наменето да се користи за време на актуелните конфликти во Појасот Газа и Либан.

Тој во вторникот зад затворени врати рече „дека Бенјамин Нетанјаху не треба да ги игнорира одлуките на Обединетите нации, бидејќи и неговата земја е создадена благодарение на одлуките на ОН“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг