Линдзи Лохан се појавува во новиот филм на Нетфликс: Дали може да очекува подобар успех од претходните соработки?

Точка

16/10/2024

10:18

420

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Линдзи Лохан оствари уште една улога во филмовите на Нетфликс.

По 2022 година таа оствари улога во филмот на Нетфликс „Falling for Christmas“, а оваа година Лохан доби нова улога и се појавува во филмот „Irish Wish“ исто така во продукција на Нетфликс.


Имено, стриминг платформата Нетфликс на социјалните мрежи извести дека наскоро ќе ја објави божиќната, романтична комедија „Our Little Secret“, во којашто покрај Лохан се појавуваат и „Kristin Chenoweth“, „Ian Harding“ и „Тim Meadows“.

Two resentful exes are forced to spend Christmas under the same roof after discovering that their current partners are...

Posted by Netflix on Monday, October 14, 2024

Како што пишуваат во објавата, дејството на филмот следи двајца огорчени поранешни партнери, кои се принудени да го поминат Божиќ под ист покрив откако ќе откријат дека нивните сегашни партнери се брат и сестра.

Филмот беше режиран од Стивен Херек, а продуценти беа Мајк Елиот и Лиза Гудинг. Сценариото го напиша Хејли Де Доминисис. Филмот ќе биде премиерно прикажан на 27 ноември.


Инаку филмовите „Falling for Christmas“ и „Irish Wish“ не остварија значаен успех и покрај големите очекувања, а и двата филмови на „IMDb“ имаат оценка 5.2/10, додека ни филмските критичари не се воодушевени од нив.

Потсетуваме, Линдзи Лохан во август оваа година, заврши со снимањето на продолжението од познатата комедија „Freaky Friday“, во којшто глуми заедно со Џејми Ли Куртис. Премиерата на продолжението би требала да се случи во текот на 2025 година, а потоа ќе биде достапна на платформата „Disney +“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг