[ФОТО] На 40 дена од смртта Бора Чорба доби мурал во Белград! Фановите не го забораваат легендарниот рокер, пораката напишана под неговиот лик ги расплака сите

Точка

15/10/2024

19:08

1.767

Големина на фонт

а а а

Легендарниот српски музичар Борисав Бора Ѓорѓевиќ, познат како Бора Чорба, почина на 4 септември на 72-годишна возраст.

Во саботата, 12 октомври, во негова чест се одржа четириесетдневен помен на Градските гробишта во Чачак, каде се собраа голем број пријатели и членови на семејството.


На денот на погребот, во Јагодина се појави првиот мурал посветен на него, насликан од младиот уметник Сава Маравиќ.

А сега, на 40-тиот ден од неговата смрт, се појавил нов мурал, и тоа во Белград. На него се гледа покојниот рокер во своето препознатливо издание од концертот, додека на ѕидот пишува: „Кога ќе дојдеш кај Бог по вистината, нека владее мир во твојата душа! 1952-2024 година“. Инаку, ова е стих од неговата прочуена песна „Погледај дом свој анѓеле“ (Pogledaj dom svoj anđele).


Да потсетиме, на Градските гробишта во Чачак се собраа членови на семејството, пријатели, но и почитувачи на неговото дело.

„Тој е човек кој преку своите дела, своите песни ќе биде меѓу нас засекогаш, иако се пресели на другиот свет. Неговите вонвременски стихови и на идните генерации ќе им зборуваат колку бил голем и поинаков од сите други“, изјавиле за медиумите пријателите на Бора.

Фронтменот на „Рибља чорба“ по сопствена желба е погребан во родниот Чачак, иако неговите родители се погребани во Белград.


На комеморацијата и погребот присуствуваа многу негови колеги: Момчило Бајагиќ Бајага, Мирослав Илиќ, Миша Мијатовиќ, Зоран Дашиќ Даша, Дејан Петровиќ, Ѓорѓе Давид, Ера Ојданиќ и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг